21 Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“
22 Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Него ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“
23 Но тие настојуваа со голем вик и бараа Тој да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на првосвештениците.
24 И Пилат одлучи да го исполни нивното барање,
25 па им го пушти затвореникот кој беше во темница заради бунт и убиство, оној за кого бараа; и Исус им го предаде на нивната волја.
26 И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го ставија крстот, за да го носи по Исуса.
27 А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него.