23 Но тие настојуваа со голем вик и бараа Тој да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на првосвештениците.
24 И Пилат одлучи да го исполни нивното барање,
25 па им го пушти затвореникот кој беше во темница заради бунт и убиство, оној за кого бараа; и Исус им го предаде на нивната волја.
26 И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го ставија крстот, за да го носи по Исуса.
27 А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него.
28 Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца;
29 зашто, ете, се приближуваат деновите кога ќе се рече: ‚Блазе на неплодните и на утробите што не родиле и на градите што не доеле!‘