36 Исто така и војниците се подигруваа со Него; приближувајќи се, тие Му принесуваа оцет,
37 и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!“
38 А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Царот Јудејски.“
39 Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас!“
40 А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден?
41 Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Тој ништо лошо не направил.“
42 И Му рече на Исус: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“