4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никаква вина кај Овој Човек.“
5 Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде.
6 А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“
7 И кога разбра дека е Тој од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Ерусалим.
8 Ирод, кога Го виде Исус, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него,
9 и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не му одговори.
10 А првосвештениците и книжниците стоеја и жестоко Го обвинуваа.