47 Стотникот, пак, кога виде што стана, Го прослави Бога и рече: „Навистина Овој Човек бил праведник!“
48 И сиот народ што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше удирајќи се в гради.
49 А сите Негови познати, и жените, што врвеа по Него од Галилеја, стоеја подалеку и го гледаа тоа.
50 А ете, еден човек по име Јосиф, член на советот, добар и праведен човек,
51 кој не се согласи со одлуката нивна и делото нивно. Беше од јудејскиот град Ариматеја. А и самиот го очекуваше царството Божјо.
52 Тој отиде кај Пилат и го побара телото Исусово;
53 па Го симна и обви во платно, Го положи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен.