9 и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не му одговори.
10 А првосвештениците и книжниците стоеја и жестоко Го обвинуваа.
11 Ирод, пак, со војниците свои, откако Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак кај Пилат.
12 Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто порано беа скарани меѓу себе.
13 Пилат ги повика првосвештениците, началниците и народот,
14 па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате;
15 А ниту Ирод, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт;