13 Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии.
14 И зборуваа меѓу себе за сите овие настани.
15 И додека разговараа и се расправаа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив;
16 но очите им се замрежија за да не Го познаат.
17 А Тој им рече: „Какви се тие зборови што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“
18 Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“
19 И го праша: „Што?“ Тие Му одговорија: „За Исус од Назарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ;