20 Како нашите првосвештеници и началници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;
21 а ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израил; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако се случи ова.
22 А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот,
23 и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале дека е Тој жив.
24 Отидоа на гробот и некои од нашите и го најдоа истото она, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“
25 Тогаш им рече: „О, безумни! Срцето ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците!
26 Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“