25 Тогаш им рече: „О, безумни! Срцето ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците!
26 Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“
27 Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им разјаснуваше што е кажано за Него во сите Писма.
28 И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи.
29 Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив.
30 А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде.
31 Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.