28 И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи.
29 Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив.
30 А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде.
31 Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.
32 И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа во нас срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?“
33 Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Единаесетте и оние кои беа со нив,
34 каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон.