34 каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон.
35 И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот.
36 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: „Мир вам!“
37 А тие, така се уплашија и бидејќи застрашени, помислија дека гледаат дух.
38 Но Тој им рече: „Што сте збунети и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?
39 Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“
40 А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.