38 Но Тој им рече: „Што сте збунети и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?
39 Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“
40 А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41 Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“
42 Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе.
43 И кога зеде, јадеше пред нив.
44 Па им рече: „Ете, ова се зборовите што ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“