46 и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден,
47 и да биде проповедано во Негово име покајание и проштевање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;
48 а вие сте сведоци за ова.
49 И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се облечете во сила одозгора.“
50 И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.
51 И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото;
52 тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.