5 тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6 Тој не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Галилеја,
7 говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден во рацете на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.“
8 И се сетија на Неговите зборови.
9 Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други.
10 А тие беа Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јаковова заедно со другите, кои им го кажаа тоа на апостолите.
11 И нивните зборови им изгледаа како бесмислица, и не им поверуваа.