1 Во петнаесеттата година од владеењето на царот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод четворовласник над Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на покраината Итуреја и Трахонитида, и Лисаниј четворовласник на Авилинија,
2 во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјата реч до Јован, синот на Захарија, во пустината.
3 И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштевање за проштевање на гревовите,
4 како што е напишано во книгата на зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ‚Подгответе го Господовиот пат и исправете ги патеките Негови;
5 секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат,