Лука 3:14-20 MK2006D

14 Го прашаа и некои војници, говорејќи: „А што да правиме ние?“ И им рече: „Врз никого не извршувајте насилство, никого не клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“

15 А бидејќи народот беше во исчекување, па сите помислуваа во срцата свои за Јован, да не е тој Христос,

16 Јован им одговараше на сите, велејќи: „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ниту ремчињата на обувките Негови: Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.

17 Нему му е лопатата во раката Негова и Тој ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Своја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.“

18 И опоменувајќи со уште многу други нешта, му ја објавуваше на народот радосната вест.

19 А Ирод четворовласникот, укорен од него заради Иродијада, жената на брата му, и заради сите злодела што ги беше направил Ирод,

20 кон сето тоа додаде и уште едно: го затвори Јован во темница.