18 И опоменувајќи со уште многу други нешта, му ја објавуваше на народот радосната вест.
19 А Ирод четворовласникот, укорен од него заради Иродијада, жената на брата му, и заради сите злодела што ги беше направил Ирод,
20 кон сето тоа додаде и уште едно: го затвори Јован во темница.
21 А кога се крсти сиот народ, се крсти и Исус, и додека се молеше, се отвори небото,
22 и Светиот Дух слезе на Него во телесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој велеше: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
23 Кога почна Исус да проповеда имаше околу триесет години и беше, како што мислеа, син Јосифов, Илиев,
24 Мататов, Левиев, Мелхиев, Јанаев, Јосифов,