4 како што е напишано во книгата на зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ‚Подгответе го Господовиот пат и исправете ги патеките Негови;
5 секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат,
6 и секое тело ќе го види спасението Божјо!‘“
7 А на луѓето што доаѓаа кај него да ги крсти, им велеше: „Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде?
8 Но, направете плод достоен за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‚Наш татко е Авраам!‘ Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраам.
9 Зашто веќе и секирата стои до коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.“
10 И го прашаа луѓето, велејќи: „Тогаш што треба да правиме?“