9 Зашто веќе и секирата стои до коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.“
10 И го прашаа луѓето, велејќи: „Тогаш што треба да правиме?“
11 А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека ги подели со оној што нема ниту една; а кој има храна, нека го направи истото.“
12 Дојдоа и цариници да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да направиме?“
13 А тој им рече: „Не барајте повеќе отколку што ви е одредено.“
14 Го прашаа и некои војници, говорејќи: „А што да правиме ние?“ И им рече: „Врз никого не извршувајте насилство, никого не клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“
15 А бидејќи народот беше во исчекување, па сите помислуваа во срцата свои за Јован, да не е тој Христос,