11 и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“
12 И Исус му одговори и рече: „Кажано е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“
13 Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за некое време.
14 И се врати Исус во Галилеја во силата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.
15 А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите Го прославуваа.
16 И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, и стана да чита.
17 Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: