14 И се врати Исус во Галилеја во силата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.
15 А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите Го прославуваа.
16 И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, и стана да чита.
17 Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано:
18 „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза да им соопштам радосна вест на сиромашните. Ме прати да ги исцелам оние со скрушено срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените;
19 да ја проповедам благопријатната година Господова!“
20 Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.