20 Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
21 И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо што го чувте.“
22 И сите Му посведочија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и велеа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“
23 А Тој им рече: „Некој од вас сигурно ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“
24 Па им рече: „Вистина ви велам: ниеден пророк не е омилен во својата татковина.
25 Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израил, во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја;
26 и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска;