Лука 4:23-29 MK2006D

23 А Тој им рече: „Некој од вас сигурно ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“

24 Па им рече: „Вистина ви велам: ниеден пророк не е омилен во својата татковина.

25 Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израил, во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја;

26 и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска;

27 и имаше мнозина лепрозни во Израил во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.“

28 А кога го слушнаа тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;

29 па станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.