28 А кога го слушнаа тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;
29 па станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.
30 Но Тој помина меѓу нив и си отиде.
31 И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови.
32 И се чудеа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно.
33 Во синагогата имаше еден човек обземен од дух на нечист демон, и тој извика со силен глас:
34 „Еј, што сакаш од нас Ти, Исусе од Назарет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“