3 Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“
4 А Исус му одговори и рече: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.“
5 Потоа ѓаволот Го одведе на една висока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот.
6 И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.
7 Ако Ти ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.“
8 Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто напишано е: ‚На Господа, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“
9 И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу!