31 И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови.
32 И се чудеа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно.
33 Во синагогата имаше еден човек обземен од дух на нечист демон, и тој извика со силен глас:
34 „Еј, што сакаш од нас Ти, Исусе од Назарет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“
35 А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи.
36 Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат!“
37 Па се разнесе глас за Него по сите околни места.