1 Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Тој стоеше покрај Генисаретското езеро.
2 И виде два кораба што стоеја покрај езерото; а рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите.
3 Тој влезе во еден од корабите, кој беше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, па седна и почна да го поучува народот од коработ.
4 А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги мрежите свои за лов!“
5 Но Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твојот збор ќе ја фрлам мрежата.“
6 И штом го направија тоа, уловија толку големо количество риба, што дури и мрежата им се кинеше.