11 Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сѐ и тргнаа по Него.
12 А кога беше Исус во еден град, ете човек, сиот лепрозен, штом Го виде Исуса, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш.“
13 Исус, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата отиде од него.
14 И Тој му заповеда никому да не кажува, туку: „Оди и покажи му се на свештеникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што одредил Мојсеј, ним за сведоштво!“
15 Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу народ доаѓаше да Го слуша и да се излекува преку Него од своите болести.
16 А Тој се повлекуваше во пустината и се молеше.
17 Еден ден, додека Тој поучуваше, седеа таму фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Јудеја, и од Ерусалим; а Тој имаше сила Господова да лекува.