18 И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше фатен, и се обидуваа да го внесат и положат пред Него;
19 па, бидејќи не најдоа од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус.
20 А Тој, штом ја виде верата нивна, му рече: „Човеку, ти се простуваат гревовите твои!“
21 Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат во себе и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да простува гревови, освен Единиот Бог?“
22 А Исус, кога ги разбра нивните помисли, им одговори и рече: „Што размислувате во срцата свои?
23 Што е полесно да се каже: ‚Ти се простуваат гревовите твои‘, или да кажам: ‚Стани и оди?‘
24 Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите“, му рече на фатениот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“