24 Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите“, му рече на фатениот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“
25 И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде дома, славејќи Го Бога.
26 Ужас ги обзеде сите и Го славеа Бога; па, исполнети со страв, говореа: „Чудни работи видовме денес!“
27 А потоа излезе Исус и виде еден цариник, по име Левиј, кој седеше во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“
28 Тој остави сѐ, стана и тргна по Него.
29 И во својот дом Левиј Му приготви голема гозба; а таму имаше многу цариници и други што седеа на трпезата со нив.
30 Книжниците нивни и фарисеите негодуваа против Него и им говореа на учениците Негови: „Зошто со цариници и грешници јадете и пиете?“