3 Тој влезе во еден од корабите, кој беше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, па седна и почна да го поучува народот од коработ.
4 А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги мрежите свои за лов!“
5 Но Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твојот збор ќе ја фрлам мрежата.“
6 И штом го направија тоа, уловија толку големо количество риба, што дури и мрежата им се кинеше.
7 И им дадоа знак на другарите што беа во другиот кораб да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија двата кораба, така што почнаа да тонат.
8 А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“
9 Зашто него, и сите што беа со него, ги беше обзел страв од ловот на рибите, што ги уловија,