31 Исус им одговори и рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните;
32 не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.“
33 А тие Му рекоа: „Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“
34 Тој им рече: „Зар можете да ги натерате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот?
35 Но ќе дојдат дни кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш во тие дни, ќе постат.“
36 Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа отсечена од нова облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа.
37 И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а мевовите ќе се упропастат;