35 Но ќе дојдат дни кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш во тие дни, ќе постат.“
36 Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа отсечена од нова облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа.
37 И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а мевовите ќе се упропастат;
38 туку, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се зачуваат и обете.
39 И никој, откако пиел старо вино, нема веднаш да побара ново; зашто вели: ‚Старото е подобро.‘“