Лука 5:8-14 MK2006D

8 А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“

9 Зашто него, и сите што беа со него, ги беше обзел страв од ловот на рибите, што ги уловија,

10 а исто така и Јаков и Јован, синовите Заведееви, кои му беа другари на Симон. И му рече Исус на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе!“

11 Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сѐ и тргнаа по Него.

12 А кога беше Исус во еден град, ете човек, сиот лепрозен, штом Го виде Исуса, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш можеш да ме очистиш.“

13 Исус, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата отиде од него.

14 И Тој му заповеда никому да не кажува, туку: „Оди и покажи му се на свештеникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што одредил Мојсеј, ним за сведоштво!“