1 Во втората сабота по Пасха се случи да мине низ посевите, учениците Негови кинеа класје и, триејќи ги со раце, јадеа.
2 А некои од фарисеите им рекоа: „Зошто го правите тоа што не е допуштено да се прави во сабота?“
3 Исус им одговори и рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне, тој и оние што беа со него?
4 Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите на предложението, што не е допуштено да ги јаде никој освен свештениците, па јадеше, и им даде на оние што беа со него!“
5 И им рече: „Синот Човечки е господар и на саботата.“
6 Се случи и другата сабота да влезе во синагогата и да поучува; а таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена.
7 Книжниците и фарисеите внимаваа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да најдат причина да Го обвинат.