10 Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата.
11 А тие се исполнија со гнев и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.
12 Тие денови се искачи на една гора за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога.
13 А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли:
14 Симон, кому што му даде име Петар, и брат му Андреј, Јаков и Јован, Филип и Вартоломеј,
15 Матеј и Тома, Јаков Алфеев и Симон, наречен Зилот.
16 Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.