13 А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли:
14 Симон, кому што му даде име Петар, и брат му Андреј, Јаков и Јован, Филип и Вартоломеј,
15 Матеј и Тома, Јаков Алфеев и Симон, наречен Зилот.
16 Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.
17 Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим и од приморјето Тирско и Сидонско.
18 Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од болестите свои, а и оние што страдаа од нечисти духови беа излечени.
19 И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.