15 Матеј и Тома, Јаков Алфеев и Симон, наречен Зилот.
16 Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.
17 Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим и од приморјето Тирско и Сидонско.
18 Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од болестите свои, а и оние што страдаа од нечисти духови беа излечени.
19 И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
20 А Тој, откако ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Блажени се бедните по дух, зашто ваше е царството Божјо!
21 Блажени сте вие, што сега гладувате, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се смеете!