21 Блажени сте вие, што сега гладувате, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се смеете!
22 Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето и ќе ве отфрлат и ќе ви нанесат срам, и ќе го разгласат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!
23 Зарадувајте се во оној ден и заиграјте, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците!
24 Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха!
25 Тешко вам презаситени сега, зашто ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете!
26 Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто и нивните татковци така им правеа на лажните пророци!
27 Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат;