27 Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат;
28 благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат!
29 На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата.
30 Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати!
31 Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
32 И ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ви е благодарноста? Зашто и грешниците ги љубат оние што нив ги љубат.
33 И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? Зашто и грешниците го прават истото.