37 „Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштевајте и ќе ви биде простено;
38 давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви дадат во пазувите ваши; зашто со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“
39 И им кажа парабола: „Може ли слеп да води слеп? Зарем нема и обајцата да паднат во јама?
40 Нема ученик поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов.
41 И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?
42 Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја извадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на својот брат.“
43 „Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод.