44 Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина.
45 Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошата ризница на своето срце изнесува лошо, зашто неговата уста го зборува она со што му е исполнето срцето.“
46 „И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам?
47 Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува.
48 Тој прилега на човек кој градел куќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на камен.
49 А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше големо.“