7 Книжниците и фарисеите внимаваа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да најдат причина да Го обвинат.
8 Но Тој ги знаеше нивните помисли и му рече на човекот со исушената рака: „Подигни се и застани насреде!“ И тој се подигна и застана.
9 Тогаш им рече Исус: „Ќе ве запрашам: што е дозволено во сабота – да се прави добро или да се прави зло? Да се спаси една душа или да се погуби?“ А тие молчеа.
10 Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата.
11 А тие се исполнија со гнев и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.
12 Тие денови се искачи на една гора за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога.
13 А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли: