1 Потоа Тој одеше по градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа Дванаесетмината,
2 и некои жени што беа излекувани од демони и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони;
3 и Јоана, жената на Хуза, настојникот Иродов, и Сусана, и многу други, кои им служеа со своите имоти.
4 А кога се насобра многу народ, и кога жителите од секој град доаѓаа кај Него, рече во парабола: