31 И Го молеа Исус да не им наредува да одат во бездната.
32 А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи; па Го молеа да им допушти да влезат во нив. И им допушти.
33 И откако излегоа лошите духови од човекот, влегоа во свињите; и крдото јурна низ стрмнината во езерото и се удави.
34 Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и селата.
35 И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се исплашија.
36 А оние што беа виделе, им раскажаа како се излечи бесомачниот.
37 Сиот народ од Гадаринскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто ги беше опфатил голем страв. И Тој влезе во коработ и се врати.