34 Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и селата.
35 И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се исплашија.
36 А оние што беа виделе, им раскажаа како се излечи бесомачниот.
37 Сиот народ од Гадаринскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто ги беше опфатил голем страв. И Тој влезе во коработ и се врати.
38 Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Него; но Исус го отпушти, велејќи:
39 „Врати се во домот свој и раскажувај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус.
40 А кога се врати Исус, народот Го пресретна, зашто сите Го очекуваа.