50 Но Исус, штом го слушна тоа, му одговори и рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“
51 А кога пристигна во куќата, никому не му дозволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков, и на таткото и мајката на девојката.
52 Сите плачеа и ридаа по неа. Но Тој им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“
53 И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.
54 А Тој откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“
55 И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и тој заповеда да ѝ дадат да јаде.
56 И се зачудија родителите нејзини. А Тој им заповеда никому да не кажуваат за тоа што стана.