6 а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага;
7 едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
8 а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.“ Откако го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
9 А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи оваа парабола?“
10 Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува со параболи, да гледаат, а да не видат, и да слушаат, а да не разберат!
11 А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
12 Она што падна покрај патот, тоа се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;