14 А луѓето беа околу пет илјади. Но Тој им рече на учениците Свои: „Кажете им да поседнат во групи по педесет.“
15 И направија така, и ги поредија сите.
16 А Тој, кога ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши и им ги даде на учениците за да ги стават пред народот.
17 И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет кошеви.
18 Еднаш, кога Исус се молеше сам, а само учениците Негови беа со Него, Тој ги праша: „Што вели народот, Кој сум Јас?“
19 Тие одговорија и рекоа: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а некои, пак, дека воскреснал еден од старите пророци.“
20 Тој им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар одговори и рече: „Христос Божји.“