16 А Тој, кога ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши и им ги даде на учениците за да ги стават пред народот.
17 И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет кошеви.
18 Еднаш, кога Исус се молеше сам, а само учениците Негови беа со Него, Тој ги праша: „Што вели народот, Кој сум Јас?“
19 Тие одговорија и рекоа: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а некои, пак, дека воскреснал еден од старите пророци.“
20 Тој им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар одговори и рече: „Христос Божји.“
21 А Тој строго им заповеда никому да не кажуваат за тоа,
22 велејќи дека Синот Човечки треба да пострада многу, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците и дека ќе биде убиен, и дека на третиот ден ќе воскресне.